Рамос го пропушта реваншот против Реал

од Vladimir Zorba
366 прегледи

Шпанскиот дефанзивец на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос најверојатно ќе го пропушти реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Ова го објави „Футмеркато“.

Причината е повреда на мускулот што го спречува 35-годишниот Рамос да игра.

Шпанецот е поранешен играч на Реал Мадрид, чиј тим го носеше од 2005 до 2021 година. Реваншот помеѓу Белиот балет и Пари Сен Жермен е на 9 март.

Првиот натпревар во Париз заврши со успех од 1:0 во корист на ПСЖ.

Слични содржини