Шпанецот Серхио Рамос (35) ова лето го замени Реал Мадрид со Пари Сен Жермен, тој го напушти „Кралскиот клуб“ по долги 16 години, но нема да може така лесно да се ослободи од некои навики што ги зеде од поранешниот клуб.
Рамос, да потсетиме, беше капитен на Реал многу години, панделката беше негов заштитен знак толку долго што рефлексивно ја допре раката за време на официјалната фотосесија во новиот клуб, барајќи го симболот на капитенот.
Во моментот се сети дека веќе не е во Реал, дека не е лидер на неговиот тим …
Поради оваа ситуација, многу навивачи на Реал се радуваа, беа задоволни од фактот што Рамос сега е во втор план во Пари Сен Жермен кога е во прашање капитенската лента, а тој сепак би можел да ја има таа привилегија и понатаму доколку останеше во Мадрид.
Погледнете ја необичната ситуација:
Sergio Ramos looking for the armband and then realizing he's not Real Madrid captain anymore 💔
(via @PSG_English) pic.twitter.com/QowLspJXFs
— ESPN FC (@ESPNFC) July 18, 2021