54
Серхио Рамос нема да се врати во Реал Мадрид, сподели денеска весникот „Марка“. Раководството на европскиот клупски шампион имаше бројни понуди од различни играчи и агенти поради проблемите со повредите во последните месеци.
Изданието од Мадрид нагласува дека еден од предложените играчи се издвојува над останатите, но тоа не е поранешниот дефанзивец на „белите“. Тој го напушти мадридскиот клуб во 2021 година и моментално е без тим откако се раздели со Севиља.
Серхио Рамос играше за Реал Мадрид повеќе од 15 години и ја освои титулата во Примера дивизион пет пати и Лигата на шампионите четири пати со тимот од главниот град.