Рамос во солзи: „Ќе се вратам еден ден“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
349 прегледи

Поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос имаше емотивно збогување од Кралскиот клуб, кој го напушта по 16 години.

Во средата вечерта официјално беше објавено дека искусниот дефанзивец го напушта Мадрид. Како што се наведува, договорот не бил продолжен со одлука на Рамос, кој сака нов предизвик во кариерата.

Еден ден подоцна, Рамос и се обрати на јавноста на прес-конференција и не ги криеше емоциите по тој повод.

„Бев дете кога дојдов во Реал, ќе се вратам овде еден ден, сигурен сум. Благодарам на Реал, секогаш ќе го носам во моето срце “, изјави 35-годишниот играч.

На конференцијата зборуваше и претседателот на Реал, Флорентино Перез.

„Ова е тежок ден за мене и за сите во Реал. Серхио стана еден од најспектакуларните играчи во нашиот клуб со текот на годините. Горд сум на сè што стори во Реал Мадрид“, истакна Перез.

Рамос пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2005 година од Севиља. Во меѓувреме, тој освои сè што можеше да се освои, вкупно 22 трофеи – пет Ла Лига, два Кралски Купа, по четири Лиги на Шампиони, ФИФА клупски шампионат и Суперкуп на Шпанија и три Суперкупа на Европа и се здоби со статус на легенда

Останува прашањето каде ќе ја продолжи кариерата. Многу клубови се поврзани со него. Меѓу другите, Пари Сен Жермен и Јувентус.

Слични содржини