Деменцијата е една од водечките причини за смрт во светот, така што нејзиното откривање во рана фаза може да им помогне на луѓето и нивните семејства подобро да ја разберат дијагнозата и соодветно да планираат за иднината.
Затоа, не е лошо да се знаат помалку познатите знаци кои можат да укажуваат на оваа болест. Имено, научниците откриле дека еден таков симптом можете да забележите додека се туширате.
Еден од чудните знаци на деменција е губењето на сетилото за мирис. Значи, ако не можете да го мириснете вашиот шампон, гел за туширање или сапун додека се туширате, тоа може да биде знак дека сте во раните фази на деменција.
Губењето на меморијата не е нужно знак за деменција, но способноста за препознавање мириси се карактеризира како еден од првите знаци.
Оваа студија ја објави Универзитетот во Чикаго, а истражувањето се базира на студија на 515 луѓе. Професорот Дејвид Страјн, предавач на Универзитетот во Ексетер, рече дека деменцијата всушност значи дека мозокот не работи добро како порано.
Покрај губењето на меморијата и сетилото за мирис, постојат и други симптоми кои укажуваат на оваа состојба, а тоа се: промени во расположението, тешкотии во извршувањето на секојдневните задачи, тешкотии во концентрацијата, отежнато зборување, конфузија во времето и просторот, а бидејќи постојат различни видови на деменција, некои од овие симптоми можеби нема да бидат веднаш забележливи, пренесува Klix.ba.