Ранети двајца полицајци во Филаделфија за Денот на независноста

од Stefanija Kuzmanovska

Двајца полицајци од американскиот град Филаделфија биле ранети од огнено оружје за време на прославата на Денот на независноста на 4 јули, објавија локалните власти и медиумите.

Двајцата полицајци се во стабилна состојба, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на полициската управа, пренесува „Ројтерс“.

Според извештаите, полицијата трага по напаѓачот, а на жителите во околните згради им е наредено да се евакуираат на безбедно.

Слични содржини