Ранг-листа на најмоќните армии во светот: На кое место се наоѓа македонската војска?

од Nikola Popovski
284 прегледи

Македонија е 110-та светска воена сила со индекс 2.1717 од вкупно 145 земји, покажуваат податоците на најновата листа што ја објави сајтот „Globalfirepower“.

Од регионот, Србија го зазеде 56-то место со индекс 0,9038, додека Бугарија – 62 место, Хрватска – 66 место, Албанија – 90 место, Словенија – 91 место. Босна и Херцеговина е на 116 место, а Црна Гора – 129 место.

Единствените две земји во соседството кои се подобро пласирани од Србија се Унгарија и Романија, кои го заземаат 54, односно 47 место на листата.

Рејтингот е составен врз основа на индексот PwrIndx (Индекс на моќност), кој го оценува бројот на воени единици, финансиската состојба, логистичките можности и географијата на земјата.

Армијата на САД е рангирана на првото место со индекс на борбена моќ од 0,0699. На второ место е Русија со рејтинг од 0,0702. На трето место е Кина со индекс на воена моќ од 0,0706. Четвртото и петтото место ги заземаат Индија и Јужна Кореја, а потоа следуваат Велика Британија, Јапонија, Турција, Пакистан и Италија.

Слични содржини