Рангелова: Милошоски и Николоски го критикуваа Груевски, а денес се уште седат околу Мицкоски

од Nikola Popovski
240 прегледи

„Јас сум разочарана од изборниот резултат и не се согласувам со Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ победило на овие избори, бидејќи јас ја познавам таа партија како силна со голема организациска структура, која што сметам дека може да биде пак“, изјави поранешната претничка на ВМРО-ДПМНЕ и членка на партијата, Даниела Рангелова за отвореното студио на ТВ 24.

Таа смета дека членството во кое што она верува повторно може да биде силно како порано.

„Навистина ми е жал што дојдовме од толку силна партија да зборуваме за тоа дали сме победници и дали имаме предност од двајца пратеници“, вели Рангелова.

Таа изјави дека во времето кога се спроведувале погрешни политики во падот на Груевски, најголемите грешки биле што поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ не се консултирал со другите членови на извршниот комитет кога го назначил Мицкоски за нов претседател на партијата.

„Груевски имаше 4-5 консултанти кои беа околу него, како на пример Антонио Милошоски, Александар Николоски, кои што уште тогаш го критикуваа Груевски, а денес седат околу Мицкоски, вели Рангелова.