Ранѓеловиќ: Спротивставувањето на ВМРО-ДПМНЕ на уставните измени е за политички поени и предизвикување избори

од Destan Jonuzi
192 прегледи

Спротивставувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени и внесувањето на Бугарите и некои други етнички заедници во преамбулата на Уставаот, за политикологот Иво Ранѓеловиќ има за цел придобивање на симпатиите кај гласачкото тело.

– И покрај тоа што е крајно ирационално да не се изгласаат уставните измени по прифаќањето на францускиот предлог, првичната цел на спротивставувањето е придобивање на симпатиите на гласачкото тело, а потоа предвремени избори. Во секој случај, опозицијата е свесна дека уставните измени во одреден момент ќе поминат, затоа и не нуди алтернатива. Поголема е веројатноста гласањето да биде условно кажано консензуално, отколку да се формира нова влада која би ги изгласала промените, изјави Ранѓеловиќ за „Локално“.

Уставот ќе се отвори, но не само за бугарското малцинство во земјата. Владата размислува и околу барањата на другите заедници во земјата, коишто изминатиов период пројавиле желба да бидат внесени во Преамбулата на Уставот, којшто треба да се отвори пред пристапувањето на земјата во Европската Унија. Скринингот со ЕУ ќе започна на 15 септември, со што ова прашање почнува се почесто да се наметнува во јавноста.

Д.Ј.

Слични содржини