Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник изјави дека не е фаворит за завршување меѓу четирите најдобри во Премиер лигата по ремито 1-1 со Лестер, со што „црвените ѓаволи“ стигнаа до седмото место во поредокот.
Манчестер Јунајтед има 51 бод, три помалку од четвртопласираниот Тотенхем и петтопласираниот Арсенал, но со два натпревари помалку.
„Воопшто не помага секој викенд да го гледаме пласманот и да шпекулираме што може да се случи и колку бодови ни се потребни. Во моментов не сме фаворити за четвртата позиција“, коментира Ралф Рангник и додаде:
„Не можам да ја предвидам иднината и не знам каде ќе заврши тимот. Мојата работа е да го направам тоа на најдобар можен начин. Сезоната не е завршена. Имаме уште осум натпревари и мислам дека е време да донесеме правилни одлуки за следната година“.