Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, покажа дека е реален и не е воодушевен со победата над Норич од 3-2.
„Црвените ѓаволи“ одиграа уште еден слаб меч и само благодарение на генијалноста на Кристијано Роналдо успеаја да ги надминат „канаринците“.
Во вторник за Јунајтед ќе има дерби со Ливерпул, но Германецот е свесен дека со ваква игра неговиот тим нема голема шанса против тимот од Мерсисајд.
„Сите го видоа натпреварот и сите знаат каков не очекува во вторник. Ливерпул денеска го победи Манчестер Сити, веќе е во финалето на ФА Купот и има шанса да освои дури четири трофеи. Ако играме на овој начин, ќе ни биде тешко да земеме дури и бод против нив. Мораме да бидеме реални. Мораме да го подигнеме нивото на нашите перформанси. За жал Фред и Мектомини најверојатно нема да бидат на линија, Рафаел Варан е под знак прашалник до крај. Досега тој не продолжил со тренинзите. Требада бидеме свесни со какви играчи располагаме. Ќе одиме во Ливерпул со надеж дека ќе земеме нешто од овој натпревар. Ако е можно најдобро е да ги земеме трите бода. Ова може да се случи и се случило во фудбалот порано. Но мора да бидеме реални и мора да прикажеме многу подобра игра од денешната“, изјави Рангник.