Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник изјави дека на „црвените ѓаволи“ им требаат најмалку двајца „модерни напаѓачи“. Германскиот стручњак, кој најверојатно ќе биде во улога на консултант на тимот следната сезона, оваа изјава ја даде по победата од 3:0 против Брентфорд на „Олд Трафорд“. Јунајтед има уште два натпревари до крајот на сезоната во Премиер лигата и незначителни шанси за четвртото место во конечниот поредок.
„Потребни ни се најмалку двајца модерни напаѓачи за да донесеме поголема класа во тимот. Ливерпул и Сити имаат 5 или 6 – ние немаме многу. Мејсон Гринвуд ќе беше таков, но по мечот со Вест Хем не е дел од тимот“, сподели Рангник.
Гринвуд наводно бил отстранет од „Црвените ѓаволи“ на почетокот на оваа година, откако беше обвинет за силување и физичко малтретирање жена.