Рангник сè уште не разговарал со Тен Хаг

од Vladimir Zorba
374 прегледи

Ралф Рангник, кој моментално го предводи Манчестер Јунајтед, откри дека се уште не разговарал со идниот менаџер на клубот Ерик тен Хаг. „Црвените ѓаволи“ веќе го објавија назначувањето на актуелниот тренер на Ајакс, кој ќе почне со работа на лето.

„Досега јас и тој немавме можност да разговараме. Тој е фокусиран на Ајакс, а јас сум на Манчестер Јунајтед“, изјави Рангник во интервју за Sky Sports.

„Очигледно, подготвен сум да му помогнам на Тен Хаг и на кој било друг во клубот да ги променат работите на подобро. Сега ми е важно да се грижам за иднината на клубот. Како што веќе објаснив, силно верувам дека таму има многу работи кои можат да станат подобри и ќе се подобрат со доаѓањето на нов менаџер и неколку нови играчи, се надевам“.

Германецот ги отфрли и информациите дека ги подготвил досиејата на сите играчи врз основа на неговите впечатоци од работата со нив. „Тоа е целосна глупост, тоа воопшто не е вистина. Управниот одбор не го бараше ова од мене – ниту за нив, ниту за Ерик“, изјави стручњакот.

Рангник дури увери дека е задоволен од одговорноста на своите играчи: „Никогаш не сум рекол ништо лошо и никогаш не сум ги критикувал играчите за нивниот однос. Не сум рекол дека се однесуваат непрофесионално или себично, никогаш не сум забележал такво нешто. Секогаш ќе ги штитам“.

Слични содржини