Рангник: За мене е јасно – Кавани мора да остане

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник сака да го задржи напаѓачот Единсон Кавани на „Олд Трафорд“ до крајот на сезоната и покрај бројните понуди добиени за 34-годишниот уругвајски напаѓач.

– Многу разговаравме во последните неколку недели. Уште од првиот ден му кажав дека е многу важен играч, дека веројатно е единствениот што може да игра како напаѓач очи в очи, но и како „сидро“ – изјави Рангник на прес-конференцијата, додавајќи: „Неговиот професионализам и работна етика се едноставно неверојатни. Му кажав дека очајно сакам да остане до крајот на сезоната“.

Кавани, кој во октомври 2020 година бесплатно му се приклучи на Јунајтед од ПСЖ, има договор до крајот на јуни, но англиските медиуми се жалат дека тој би можел да го напушти „Олд Трафорд“ во јануари. Понуди доаѓаат, од Европа, но и од Јужна Америка, а се споменуваат дури и Барселона и Јувентус. Кавани во кариерата играше и за Палермо и Наполи.

„За мене е јасно – Еди мора да остане“, рече Рангник.

На излезната врата од „Олд Трафорд“ се и Ентони Марсијал, Дин Хендерсон, Дони ван де Бик, Џеси Лингард, Хуан Мата и Фил Џонс, пишува СК.

Слични содржини