351
Искусниот италијански тренер Клаудио Раниери и официјално е поставен за шеф на стручниот штаб на калчолигашот Сампдорија.
Договорот со 67-годишниот фудбалски стручњак е со важност до летото 2021 година, објавено е на официјалната веб-страница на клубот.
Раниери го замени Еузебио Ди Франческо, кого раководството на клубот од Џенова го отпушти поради слаби резултати. Сампдорија е последна во Серија А со само 3 бода.
Претходно во својата кариера Раниери беше тренер на Рома, Јувентус, Интер, Фиорентина, Атлетико, Челзи и Лестер на кого му ја донесе првата титула во Премиер лигата.