Раниери најде наследник: Еден од најдобрите тренери во Серија А пристигнува во Рома

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини е главен кандидат за тренер на Рома, пренесуваат италијанските медиуми.

Клаудио Раниери моментално ја води Рома, откако се врати во клубот во ноември и успеа да го стабилизира тимот. Тој се договорил со раководството дека ќе остане до крајот на сезоната.

Според некои италијански медиуми, Раниери лично разговарал со Гасперини за можноста да го наследи на клупата на „волчицата“.

Слични содржини