Клаудио Раниери објасни зошто морал да ја одбие позицијата селектор на италијанската репрезентација. По отпуштањето на Лучано Спалети во јуни, првото име на списокот на раководството на федерацијата беше Раниери, кој штотуку успеа да ја подигне Рома и да го одведе тимот до петтото место во Серија А.
Искусниот стручњак веќе донесе одлука да се повлече од тренерската работа и да ја преземе улогата на специјален советник на сопствениците на Рома, семејството Фридкин.
„Мислам дека е болно за секого да каже „не“ на репрезентацијата, но јас не можам да работам две работи. Веќе имав договор со Рома и за жал не можев да ја прифатам понудата на федерацијата“, изјави Раниери за TG3.
Тој дообјасни сè.
„Ви треба некој на таа позиција кој има слобода да донесува одлуки и да се јавува на кого сака. Ќе имаше премногу проблеми со мене. Ако играч играше 90 минути, а потоа мораше да игра за Рома следниот викенд… Тоа е едноставно премногу“, објасни Раниери.
„Џенаро Гатузо секогаш се обидуваше да се снајде добро кога добиваше шанса. Тој е човек кој го познава националниот тим, се бореше храбро, страдаше за овој тим. Му посакувам се најдобро“, додаде Раниери.
Тој му посака среќа и на новиот тренер на Рома, Џан Пјеро Гасперини.
„Јас сум консултант на Фридкин и се надевам дека добро си ја работам работата. Гасперини има важна задача, но постепено сè ќе се среди. Не очекував таков крај на мојата тренерска кариера, особено откако пристигнав во Рома во тежок период. Благодарение на поддршката и помошта на сите, успеавме да го стабилизираме тимот“, коментираше Раниери.
Призна уште нешто…
„Не жалам што не се квалификувавме за Лигата на шампионите. Не сакам да бидам како лисицата што не може да ги дофати гроздовите, а потоа вели дека се кисели. Можеби тоа е најдоброто нешто што се случи на тој начин. Не сме подготвени да се соочиме со сите тие суперсили во Лигата на шампионите во моментов. Се надевам дека за неколку години ќе бидеме на исто ниво како тие клубови“, беше искрен Раниери.