192
Многу е рано да се каже дали ќе има одложување на почетокот на новата учебна година,соопшти денеска Министерот за здравство. Венко Филипче.
Почетокот на школската година, како што рече, ќе зависи од повеќе фактори, а најмногу ќе зависи од емидемилошката ситуација, генерално во земјава.
Филипче истакна и дека се уште е во тек вакцинацијата на наставниците и се чека да заврши тој процес. Најави дека потоа ќе излезат со конкретен процент.
-Сега се вакцинираат и наставниците кои треба да почнат со физичко присуство, ако е се добро и стабилно, а сега држеа онлајн настава. Тој процес ќе заврши оваа и следната недела, па ќе го знаеме точниот процент, нагласи Филипче.