Рано изутрина експлодира подметната бомба во Куманово

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Силна експлозија утринава околу 4 и 30 часот одекна во центарот на Куманово и ги вознемири граѓаните. Причинета е материјална штета, а човечки жртви и повредени нема. Екипи од крим техника при СВР Куманово се на местото на настанот.

image_1436603854_11 (1)

Експлозивната направа за која допрва ќе се утврдат деталите, била поставена и активирана во утринските часови на паркинг просторот зад маркетот „Тинекс“ во времето кога нема фреквенција на луѓе.

Експлозијата се случила во строгиот центар на градот во близина на стоковната куќа Мома, јавуваат преку Фејсбук граѓани од соседството кои силно се вознемириле и излегле на балконите. Како што јавуваат граѓаните, од детонацијата биле искршени стакла во една од зградите, карши сендвичарата „Максим“.

 За сега е познато дека се искршени стаклата на станбените и деловните објекти во близина на поставената експлозивна направа. Надлежните екипи работат на утврдување на видот на експлозивот, како и на откривање на сторителите. Кумановци паметат дека во истиот период пред деценија и пол на иста локација беше поставена експлозивна направа.