Андреа Белоти е се поблиску до трансфер во Рома. „Петелот“ не ја крие желбата да им се придружи на „волците“, а сега патот за тоа е отворен, откако Римјаните ја продадоа својата млада ѕвезда Феликс Афена-Џијан на Кремонезе, пишува „Калчомеркато“.
Веќе е договорен трансферот на 19-годишниот Ганаец во дебитантот во Серија А. Кремонезе за неговите права ќе плати 7 милиони евра, без откупна клаузула во договорот како што сакаа од Рома.
Заминувањето на Афена-Џиан отвора место за Белоти во тимот на Рома. Репрезентативецот на Италија досега ја одржуваше формата на Сицилија, трпеливо чекајќи повик од „волците“ и во меѓувреме отфрли понуди од неколку други клубови.
Сега ќе потпише со клубот од Рим на 3 години, платата ќе му биде 2,8 милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси. Се очекува „Петелот“ во наредните денови да пристигне во италијанската престолнина за да ги помине задолжителните лекарски прегледи и да го потпише договорот со „волците“.