Џорџ Расел потврди дека Мерцедес ќе користи компоненти во својот нов болид кои се „во развој долго време“, но тимот не можеше да ги користи за својот болид W15 од 2024 година.
Во 2024 година, Мерцедес конечно успеа да се врати на првото место на колоната со 4 победи, од кои три во серија од 5 трки, кога се појави новото крило на W15, благодарение на што се стабилизираа перформансите на автомобилот.
„Има многу промени во однос на минатата година кога е во прашање нашиот нов болид, со компоненти во него кои долго време ги развивавме кои не можевме да ги искористиме минатата година, но нашиот тим долго време работи на нив“, објасни Расел за Sky Sports.
Според различни аналитичари, во овој случај Расел не зборува само за аеродинамички елементи, туку прво во аеродинамиката ќе го видиме новиот пакет за W16, кој би требало да биде голем чекор напред во однос на болидот од 2024 година.
Мерцедес веќе изјавија дека за новата сезона во Формула 1 планираат многу поагресивен пристап кон развојот на W16 – подобрувањата ќе доаѓаат почесто, но во помали пакувања, за да може болидот да се развива постојано, а не во посебни „големи скокови“.