Расел е оптимист за перформансите на Мерцедес во новата сезона во Формула 1

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Џорџ Расел е оптимист за претстојната сезона на Мерцедес во Формула 1 и се надева дека тимот може да ги избегне грешките што ги направи во последните години. „Сребрените стрели“ победија само на една трка во последните две години, а болидот беше значително зад оние на најголемите ривали за двете титули.

Расел ја заврши 2024 година на шестото место во шампионатот за возачи, додека Мерцедес беше четврти во шампионатот за конструктори. Сепак, новиот W16 болид му дава надеж на Британецот за подобри перформанси и за него и за неговиот нов тимски колега Андреа Кими Антонели.

„Оваа година промените ќе бидат значајни. Се надевам дека ќе го избегнеме она што се случи во последните години, каде што најдовме проблем, го поправивме и создадовме нов. Сега сме многу подисциплинирани со сè што правиме. Исто така, повеќе работиме во симулаторот за да се погрижиме повторно да не паднеме во таа замка“, рече тој, цитиран од Sky Sports.

„Мислам дека правиме чекор напред. Да, не знаеме што ќе се случи на самите трки, но секако ни претстои интересна сезона. Љубопитен сум како тимовите ќе ги распределат своите ресурси помеѓу оваа и следната година“, додаде Британецот.

Слични содржини