Расел: Ќе се бориме со Ред Бул и Ферари, Мекларен се напред

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел е уверен дека големата битка на неговиот тим овој викенд ќе биде против Ред Бул и Ферари, а не против Мекларен, бидејќи Оскар Пјастри и Ландо Норис вчера во Бахреин покажаа дека имаат предност пред сите останати.

„Очекувавме Мекларен да биде чекор понапред од сите“, објасни Расел, кој постигна трето најбрзо време на вториот тренинг, додека Фредерик Вести беше зад воланот на неговиот болид на првиот“. „Мекларен се многу побрзи од нас во вториот сектор, каде што гумите почнуваат да се прегреваат. Имаме работа, но можеме да се бориме за второто место“.

„Ферари, исто така, изгледаа многу добро на петочните тренинзи, но не можеа да го поминат последниот сектор како што треба. Ќе се бориме со Ферари и Макс, но не знам кој ќе излезе на врвот“, вели пилотот.

Расел беше убеден дека квалификациите за ГП на Бахреин нема да имаат големо влијание врз исходот на трката и дека утрешното темпо на трката и абењето на гумите ќе бидат одлучувачки.

Слични содржини