Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел ќе ја започне утрешната трка за Големата награда на Бахреин од третото место на гридот, зад Макс Верстапен и Шарл Леклер, кои ќе го делат првиот ред.
Веднаш по завршувањето на битката за пол-позицијата, Британецот во своето телевизиско интервју изјави дека е задоволен од денешниот настап и додаде дека се надева дека тоа нема да дојде на сметка на брзината на Мерцедес на тркачката дистанца. И покрај очекувањата за посилен настап утре, Расел рече дека негова реална цел е второто место бидејќи Верстапен и Ред Бул ќе бидат многу тешко да се победат.
„Сите во фабриката направија одлична работа за да ми дадат мене и Луис автомобил кој е позадоволителен и ни дава подобра основа. На крајот на краиштата, Макс е сè уште пред нас и ни претстои уште нешто да направиме.
Кога ќе го погледнете нашиот настап на квалификациите во Бахреин пред две години и ќе го споредите со темпото на трката, тргнувањето од третото место е одлично. Имаме многу работа да завршиме, очигледно направивме голем чекор напред со брзината на кругот и се надеваме дека тоа не е на сметка на темпото на трката.
Мислам дека утре ќе видиме оспорена борба меѓу сите освен Макс. Ред Бул се многу силни во моментов и Макс одлично си ја врши работата. Има нови гуми, но ако има можност, ќе се обидам. Генерално, сепак, нашата битка е за второто место. Но, ништо не се знае, тоа е прва трка во сезоната, возбуден сум што се враќам и се надевам на малку лудост“, изјави Расел.