Расфрлани грицки, семки и отпад: Македонска (не)култура, во градски автобус за време на епидемија на корона (ГАЛЕРИЈА)

од Берта Китинска
347 прегледи

Од ЈСП упатуваат апел кон  граѓаните кои се корисници на јавниот превоз.

Упатуваме апел до сите Вас да се однесувате одговорно при користењето на превозот, согласно препораките и мерките за превенција од ширење на коронавирусот.Ситуацијата на терен за која сведочат нашите екипи задолжени за одржување на хигиената и дополнителната дезинфекција на возилата, укажува на крајно неодговорно однесување на дел од граѓаните кои ги користат нашите услуги.

Искористени хартиени марамчиња, влажни марамчиња за дезинфекција и разни други остатоци од храна, пијалоци, се само дел од ѓубрето со кои секојдневно се преплавени возилата од јавниот превоз.Ве потсетуваме дека сите граѓани, компании, институции, секој поединец максимално сериозно и без никакви отстапки треба да ги следи насоките и препораките за одговорно однесување во секој поглед, па така и во јавниот превоз.Воздржете се од фрлање на отпадоци во возилата, под/меѓу седиштата, на подот…Системот на сообраќање на возилата не дозволува прекин на возен ред, како возилата би се чистеле повеќе пати во текот на денот.Единствениот начин да се заштитиме од коронавирусот е секој поединец, без исклучок, да се однесува одговорно.Пред се за ваше добро, за добро на јавното здравје.Впрочем, и хигиената во возилата генерално е одраз на вашата култура и потребно е да се внимава на неа не само во актуелнава ситуација, туку, секојдневно.Ви благодариме на разбирањето, се надеваме дека барем во овие околности ќе се подигне нивото на јавната, колективната свест во името на јавното здравје!, пишува во соопштението од ЈСП.

Слични содржини