Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд изјави дека со нетрпение го очекува почетокот на сезоната под водство на новиот менаџер Ерик тен Хаг по разочарувачката минатата сезона за него, објави Ројтерс.
Рашфорд го пропушти почетокот на минатата сезона поради повреда на рамото и оттогаш не успеа да најде константност, постигнувајќи само 4 гола во Премиер лигата на 25 натпревари.
24-годишниот фудбалер го загуби и местото во репрезентацијата на Англија.
„Ова е нов почеток за мене, нешто на што се радувам“, изјави Рашфорд на новинарите пред пријателскиот натпревар на Јунајтед во Мелбурн Виктори.
„Со тимот сум од почетокот на тренинзите. Се чувствувам многу подобро од вообичаено. Ова е можност да се освежам. Подготвен сум. Ќе ја искористам шансата да го направам она што отсекогаш го правев“, изрази надеж тој.
Рашфорд одигра 45 минути во победата на неговиот тим над Ливерпул со 4-0 во Бангкок.
Напаѓачот смета дека Тен Хаг веќе има позитивно влијание врз тимот.
„Првите две и пол недели тренинзи беа добри. Многу се подобривме. Тимот е во подобра форма од минатата сезона. Имаме уште многу да подобриме. Во моментов сум на добро место. Сакам да играме на повеќе натпревари и да бидам подготвен за сезоната“, заклучи Рашфорд.