Маркус Рашфорд веќе некое време не игра на очекуваното ниво, а се чини дека на повидок е заминување од клубот. Медиумите на Островот нагласуваат дека тој води „неуреден“ живот надвор од теренот и дека често влегува во „бурни ноќни авантури“.
Поради ова, клубовите од Блискиот Исток со нетрпение очекуваат вести од Манчестер Јунајтед. За овој играч интерес покажаа три клуба. Првиот е Ал Ахли, потоа Ал Кадисија и на крајот Ал Итихад.
Ал Ахли, доколку решат да го доведат, ќе мора да ја продаде една од нивните најголеми ѕвезди – Роберто Фирмино поради правилата на саудиското првенство.
Рашфорд зема плата од 325 илјади фунти неделно, а тешко дека некој европски клуб ќе му ги даде тие пари во формата во која се наоѓа сега. Сепак, за саудиските клубови ова е шанса што тешко ќе ја пропуштат.