Рашфорд тренира сам во базата на Манчестер Јунајтед и покрај неодобрувањето од клубот

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, тренира сам во тренинг центарот Карингтон и покрај тоа што му е дадено слободно време од клубот за да го финализира трансферот.

Играчите на „Црвените ѓаволи“ се вратија на тренинзите во понеделник, но пет играчи на кои Рубен Аморим не смета добија повеќе време да се обидат да го финализираат трансферот од клубот. Тие се Рашфорд, Алехандро Гарначо, Ентони Марсијал, Џејдон Санчо и Тајрел Маласија.

Сите тие имаат пристап до базата и рехабилитацискиот центар, но не се обврзани да тренираат со тимот. Од групата, само Рашфорд тренира од првиот ден, иако индивидуално.

Дресот со број 10, кој напаѓачот го носеше на „Олд Трафорд“, веќе му е даден на новото засилување Матеуш Куња, што е уште една потврда дека Рашфорд нема иднина во Манчестер Јунајтед.

27-годишниот англиски репрезентативец, кој ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Астон Вила, се поврзува со Барселона и Баерн Минхен.

Слични содржини