Рашков: Голема трагедија, тешко ги одделувавме телата од автобусот

од Nikola Popovski
442 прегледи

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков уште еднаш ја истакна информацијата од утринава дека 45 лица загинале во автобуската несреќа, освен ако некои од патниците не се преместиле од еден во друг автобус.

-Точно колку и кои се, ќе дознаеме само кога ќе ги идентификуваме телата. Веќе зборувавме со Заев, Спасовски и Филипче, за да се достави соодветен материјал, за да може тука во Софија да ги идентификуваме посмртните останки, рече Рашков во изјава за ТВ Сител.

Според него, во Софија ќе се изврши ДНК анализата.

-Бугарија е државата која треба да одговори бидејќи тука е дејствието. Не е лесно да се каже кога ќе заврши истрагата. Малку ми е непријатно, ова е голема трагедија. Во некои случаи, тешко и ги одделувавме телата од автобусот, потенцира Рашков.

Слични содржини