Рашковиќ: Град кој е прљав не може да биде дом на горди граѓани, знам колку е важно просторот околу нас да носи убавина, ред и чистота

Мојата програма е „Редизајн на Скопје“ - изградба на современ Саем и развој на Китка како туристички центар од европски ранг, вели независниот кандидат за градоначалник

од Nikola Popovski
35 прегледи Фото: Принтскрин

Скопје е премногу валкан и нечист град, преполн со ѓубре. Тоа не е само естетски проблем – тоа е културен и здравствен предизвик. Град кој е прљав не може да биде дом на горди граѓани, истакнува независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Александар Рашковиќ.

Тој во интервју за „Локално“ порача дека Скопје треба да биде град кој инспирира, а не град кој ги тера младите да заминуваат.

-Со еден збор – мојата програма е „Редизајн на Скопје“ и ќе се темели на изградба на современ Саем ’Fair Skopje‘; и на развој на Китка како туристички центар од европски ранг, истакнува меѓу другото Рашковиќ.

Интервју со Рашковиќ: Независните кандидати имаат многу поголеми шанси отколку во минатото – граѓаните се разочарани од големите партии