Рашковски ја повикува Русковска како сведок на директно соочување

од Nikola Popovski
175 прегледи

Драги Рашковски, поранешниот генерален секретaр на Владата, до судот поднесе предлог како сведок да биде повикана шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во заминување, Вилма Русковска за да се соочи со неа во судницата и да докаже дека целиот процес против него е монтиран

„Мислам дека е крајно коректно ако некој застане зад некој обвинителен акт и тврди дека е така, да се соочи во најмала рака со главниот обвинет во случајот – јас и да ги вкрстиме аргументите , а од друга страна да ѝ биде предочено на сите инкриминирачки дејствија кои што според нас таа ги има направено додека ја вршела истрагата“, истакна Рашковски.

Нејзиното сведочење додека беше обвинител ќе придонесе да се докаже како судскиот процес и целокупната постапка и внатре во рамките на Обвинителството е местена целокупната истрага, целокупното поднесување на обвинителниот акт.

Со барањето на Драги Рашковски, до Основниот кривичен суд Скопје дополнета е листата на докази и тоа на следниот начин: Испрашување на сведок и директно соочување со Вилма Русковска поранешен јавен обвинител во ОЈО ГОКК.

Слични содржини