Рашковски до ДКСК: Како проценивте дека автомобилот вреди 50.000 евра?

од Nikola Popovski
319 прегледи

Како Антикорупциска комисија си земавте за право да изнесувате еклатантни невистини и притоа да обвинувате за наводно сторено кривично дело, при тоа самите вршејки кривично дело согласно член 366 од Кривичниот законик, тврди поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски, во допис упатен до членовите на комисијата.

Рашковски прашува „која е компанијата од која е добиен на поклон автомобил и јавно да го доставите договорот за поклон?“.

-Таков договор не постои. Јавно да ја објавите процената на автомобилот за кој велите дека има вредност од 50.000 евра, како сте дошле до неа и дали некогаш сте го виделе автомобилот?, вели Рашковски и бара од ДКСК јавно да ги објавите сите документи до кои сте дошле со кои се потврдува евентуалното незаконско дејствие.

Во продолжението од дописот, поранешниот генсек на Владата вели:

-Иако не е на мое интелектуално ниво, а не треба да е ниту ниво на една институција која ја претставувате, бидејки јавно беше упатена понуда за купопродажба на автомобилот, сопственикот на автомобилот, кој е мој другар преку полномошник Ви соопштува дека прифаќа предметниот автомобил да Ви го продаде за цена од 5.000 евра. Во прилог се фотографиите од истиот. Ваквите паушални обвинувања фрлаат сомнеж дека намерата е да се наштети на нечија личност, а не на остварување на надлежностите на Вашата институција, наведува Рашковски.

Во анкетниот лист од 05.03.2021 година Драги Рашковски, тогашен секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата за работа на Владата, навел дека со договор за подарок неговата сопруга се стекнала со автомобил марка „доџ“, произведен 2005 година во вредност од 300 илјади денари или околу пет илјади евра, без да наведе дополнителни карактеристики за возилото.

Од документацијата, како што наведе Горан Трпеноски, член на ДКСК, произлегуваат сомневања за незаконито постапување на Рашковски, со цел примање награда, во конкретниот случај – возило.

Трпеноски појасни дека по извршената проверка на пазарот, оваа марка на возило иако е произведена 2005 година чини од околу 50 илјади евра па нагоре, што е, како што рече, десеткратно повисока вредност од наведената цена во договорот.

Слични содржини