Рашковски од обвинителна клупа: Апсолутно не се чувствувам виновен

од Берта Китинска
298 прегледи

Апсолутно не се чувствувам виновен, кажа на денешното судење поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска посочи дека преку доказите ќе се утврди неговата вина.

„Преку докази ќе го увериме судот дека обвинетиот Драги Рашковски нерационално и непродуктивно ги трошел народните пари за камери. Ќе докажеме дека ја злоупотребил положбата за свои лични материјални цели“, кажа Русковска.

Владиниот Генерален секретаријат во времето на Драги Рашковски набавил софтвер за сообраќајни прекршоци, кој не се користел, а бил платен 81.000 евра. На огласот на Генералниот секретаријат на Владата во ноември 2019 година за изработка на софтвер за сообраќајни прекршоци, за автоматско казнување во системот „Сејф сити“ на МВР, се пријавиле три компании.

Победила компанијата „Инвока“. Софтверот е платен во февруари 2020 година, шест дена пред изборите. Софтверот веќе една година не е во употреба.

Слични содржини