Мило ми е она што го кажав од самиот старт како теза, се покажа како точно во однос на притворот. Би сакал да се има во предвид дека во однос на се останато, имам поднесено жалби до Стразбур, рече поранешниот генсек на Владата, Драги Рашковски од судницата на Основниот кривичен суд, каде денеска доби пресуда од осум години затвор за случајот „Софтвери“.
Рашковски во краткото свое излагање истакна:
-Целокупниот материјал, како обвинителката со овој суд се договара, како да бидеме осудени и изнесувани доказите и како обвинителката и вие како судија, ја нарекувате правобранителката „проста жена“ и се останато, почнувајќи од 2005 година, ќе бидат дадени на јавноста. Вклучително и 2009 година, кога вие и обвинителката полагавте на тестови кои што јас ги прегледував, кажа Рашковски.
Обвинителката Трајчева побара Рашковски да биде во притвор до моментот на стапување на сила на пресудата, бидејќи како што рече, постои опасност од бегство.