Рашковски се огласи: Во Мексико сум, нема место за сензација

од Nikola Popovski
371 прегледи

Поранешниот генерален секретар и советник во Владата, Драги Рашковски ги потврди информациите дека моментално се наоѓа во Мексико.

„Нема место за сензација, на годишен одмор сум во Мексико. Заминавме на 14 -ти и таму ќе бидеме до 31 овој месец. Три години не сум бил на одмор, на сопругата ѝ е роденден. Следам сѐ што се случува“, изјавил Рашковски за „Фокус“.

По информациите на одредени медиуми дека Рашковски ја напуштил земјава, попладнево премиерот Зоран Заев изјави дека ќе провери и ќе ѝ соопшти на јавноста.

„Верувајте, јас за сите вработени или ангажирани во Владата ниту се обидувам да имам контрола, ниту знам. Тие си имаат право на свој одмор, право на одлучување“, потенцира Заев.

Инаку Рашковски со денови е тема во јавноста по информациите за набавка на софтвер за мерење просечна брзина на возилата и изрекување казни, кој за Министерството за внатрешни работи (МВР) лани во февруари го набавил Генералниот секретаријат на Владата кога тој го раководеше, а не се планира да се користи.

Слични содржини