Рашковски: Во Холивуд ова да го режираа не може така да го направат

од Берта Китинска
357 прегледи

Доказите се прибрани на незаконит начин, не може да имате докази во кое обвинителството седнало на компјутер и во ворд си направило текстуални пораки каде заборавило да го смени времето не возможно е да испратите 43 поркаи во една секунда., вели поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски во изјава по одложувањето на судењето за случајот „Софтвери“ поради отсуство на обвинетата Маја Силјановска.

-Ќе имаме интересо судење каде ќе се имплицирааат дигиталните докази срамота е лица кои немаат познавање да буричкаат по податоци.Побаравме од одредени лица да сведочат, го побаравме и поранешниот министер Наќе Чулев кои ќе ја докажат целта постпака.Едноставно во Холивуд ова да го режираа не може така да го направат, кажа Рашковски.

Во случајот, покрај Рашковски и Силјановска, се обвинети и Ивица Димитровски, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Христов и Игор Ивановски.

Судскиот процес го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

Првообвинетиот, се вели во Обвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Следното рочиште е закажено за 24 февруари.

Слични содржини