Расисти повторно се собраа синоќа пред статуата на американскиот командант Роберт Е. Ли во Шарлотсвил каде носејќи факли извикуваа „ќе се вратиме“.

Собирот во паркот Ли траел околу половина час, пренесуваат американските медиуми. Лидерот на протестите Рилард Спенсер напиша на Твитер дека е „добро да се биде назад во Шарлотсвил“. Тој објави и видео на кое демонстрантите порачуваат дека никој не може да ги замени и дека ќе продолжат да се враќаат во паркот Ли.
Градоначалникот на Шарлотсвил, Мајк Сингер, налутено им одговори на Спенсер и на демонстрантите на Твитер: „Уште една одвратна посета на неонацистичките кукавици. Не се добродојдени овде“, напиша тој.
Во август годинава белите националисти и расисти исто така се собраа во Шарлотсвил каде протестираа поради планот за отстранување на статуата на Роберт Е. Ли. Тогаш избија насилни судири меѓу националистите и граѓаните кои се противеа на протестите кога едно лице загина, а 19 беа повредени.
https://www.youtube.com/watch?v=WQrqp2ExrlE