Расизам во Шпанија: Навреди за играч на Реал Мадрид

од Stefanija Kuzmanovska
232 прегледи

Бразилецот Винисијус Јуниор е еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид.

Офанзивецот секој гол го прославува со препознатлив танц налик на самба во дресот на „кралскиот“ клуб, а тоа не ѝ се допаѓа на дел од шпанската јавност.

Така 22-годишникот се најде на удар на од Педро Кастро, претседател на Здружението на шпански агенти.

„Ако постигнете гол и потоа танцувате самба, одете на Самбодром. На теренот треба да ги почитувате колегите и да престанете да се однесувате како мајмун“, наведе Кастро во телевизиско шоу.

Не му требаше долго време на Реал Мадрид да одговори на непримерната забелешка на Кастро и да го одбрани Винисијус.

„Реал Мадрид ги осудува сите расистички и ксенофобични испади во светот на фудбалот и спортот, но и во животот воопшто, а особено ги осудуваме коментарите упатени кон нашиот играч Винисијус Јуниор во последните неколку часа. Реал Мадрид сака да ја покаже љубовта која ја има за Винисијус, фудбалер кој разбира дека единствениот однос кон фудбалот е оној заснован на радост, почит и спортски дух. Фудбалот е најглобален спорт што постои и мора да биде пример кога се работи за вредностите на соживот. Клубот ги овласти нашите адвокати да преземат правни мерки против секој кој ќе ги навреди со расистички испади нашите играчи“, пишува во соопштението на „кралскиот“ клуб.

Слични содржини