Манчестер Сити е во најтешките денови од ерата на Пеп Гвардиола. Малкумина очекуваа дека шампионот на Англија нема да има ниту една победа во ноември, а црната серија на Сити продолжи во Лигата на шампионите. По пет последователни порази во сите натпреварувања, Сити прокоцка предност од три гола во петтото коло од Лигата на шампионите.
„Граѓаните“ имаа три бода во рака до 75. минута, но станаа првиот тим во Лигата на шампионите што не победил по три гола предност. И сето тоа, пишува Дејли Мејл, довело до прилично голема тензија во соблекувалната на Сити.
Истиот извор рече дека еден играч наводно коментирал дека е „во неверување“ по дебаклот на Сити против Феенорд, додека друг додаде: „Ова е лудо“, пишува Дејли Меил.
Некои од играчите од бес фрлале предмети во соблекувалната на Сити, а во кризниот период се нарушени односите на некои играчи во клубот.
Сити покажа девет животи за време на ерата на Гвардиола, но нивната криза никогаш не била волку голема. А како за „беља“ „граѓаните“ денес (17 часот) ги очекува дербито од 13. коло во Премиер лигата против водечкиот тим на Ливерпул, кој сезонава има само еден пораз во сите натпреварувања.