Распишана потерница по поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури, потврдуваат од Основниот кривичен суд Скопје.
Гури, најпрво беше во затворски притвор, а потоа му беше одреден куќен притвор поради здравствени проблеми, откако во јули минатата година беше уаспен заедно со 15 лица, меѓу кои бизнисмени и инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП), под сомнение за злосторничко здружување и даночна измама.
Како што објавија дел од медиумите, Гури не бил пронајден од полициски службеници на адресата на која издржувал домашен протвор.
Против Исмет Гури, заедно со Ејуп Алими, се водеше и случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал, во кој Судот по повтореното судење минатата година им изрече неправосилни затворски казни од по три години и шест месеци.