
Софија Куновска поднесе оставка од местото претседател на Градската организација на СДСМ незадоволна од листите за кандидати на пратеници, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во партијата.
На состанокот на Извршниот одбор на партијата пред одржувањето на Конгресот Куновска поднела оставка и рекла дека останува во кампањата како посветен член на СДСМ до конечно уривање на режимот на Груевски.
Таа реагирала на поставувањето на Лилјана Поповска, лидерката на ДОМ со прашањето: „Како е можно таа што беше втора зад Груевски на листата на режимот од 2014 денес да е на шесто место на листата што треба да го урива режимот“.
Куновска во 2014 година беше втора на листата на СДСМ во првата изборна единица, а на овие избори не е на ниту една листа.
Повеќе тука