Раст на индустриското производство во декември 2025 година во однос на истиот период година претходно

Индустриското производство во декември 2025 година е зголемено за 2.3 % во однос на декември 2024 година

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ТВ Лав +

Индустриското производство во декември 2025 година е зголемено за 2.3 % во однос на декември 2024 година, соопшти ДЗС.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември  2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи опаѓање од 6.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.9 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели:

– Производство на прехранбени производи,
– Производство на пијалаци,
– Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
– Производство на други неметални минерални производи,
– Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
– Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 3.9 %, Капитални производи за 0.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 3.8 %.

Индустриското производство во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, е зголемено за 1.9 %.

Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, има зголемувањето на производството во одделите:

•    Производство на прехранбени производи со 3.5 %
•    Производство на пијалаци со 34.2 %
•    Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 3.5 %