Раста излегува од затвор после четири месеци

од Nikola Popovski
285 прегледи

Првиот основен суд во Белград денес го укина притворот за Стефан Ѓуриќ Раста, а според неговиот адвокат Вук Туфегџиќ, раперот ќе биде ослободен за еден час.

„Раста ќе биде ослободен од притвор во наредниот час. Одлуката е донесена и доставена до Централниот затвор. После тоа, тој излегува “, изјавил Вук Туфегџиќ, законскиот застапник на Раста.

Првиот основен суд во Белград денес го укина притворот за раперот Стефан Ѓуриќ Раста и неговиот пријател Л. Б., кои се товарат за нелегално поседување марихуана и кокаин за лична употреба.

Раперот помина речиси четири месеци во притвор од апсењето во октомври минатата година.

Судијата на претходна постапка на Првиот основен суд во Белград го укина притворот.

Раста склучи договор со Вишото јавно обвинителство во Белград, според кој призна дека нелегално поседувал дрога за лична употреба и се согласи на казна од една година домашен притвор.

Слични содржини