Растат бројките во Европа: Најголем дневен пораст на нови случаи во Франција по еден месец

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Денес во Франција се регистрирани 1.392 нови случаи на коронавирус, што е најголемото дневно зголемување на новозаразени лица во таа земја по еден месец.

Уште 15 лица загинаа.

Од почетокот на епидемијата, заразени се 185.196 луѓе, а 30.238 лица загинаа, пренесува Ројтерс.

Здравствените власти во изјавата велат дека се намалува бројот на пациенти во болницата, што го продолжува двомесечниот тренд кога станува збор за хоспитализирани лица кои страдаат од Ковид 19.

Бројот на новозаразени со коронавирусот во Шпанија се зголеми за 1.153 во изминатите 24 часа, објави шпанското Министерство за здравство.

Вкупниот број на заразени со вирусот корона се зголеми на 282.641 случаи, соопшти Министерството, пренесе Ројтерс.

Бројката е за 2.031 случаи поголема од претходниот ден и ги вклучува резултатите од тестовите за антитела кај луѓе кои можеби закрепнале.

Слични содржини