75
Високиот претставник во Босна и Херцеговина Валентин Инцко денеска се закани дека по одржувањето на референдумот во Република Српска ќе следат санкции за властите.
– Мислам дека санкциите се можни, јас морам да имам состанок со Советот за имплементација на мирот и мислам дека ќе разговараме за тоа. Повеќе сила имаме ако сме единствени. До сега немаше расположение за некои самкции, но сега гледам дека климата се менува и сите членови кажуваат дека мора нешто да се направи, посочи Инцко за ТВ 1.
Тој додаде дека референдумот е кршење на Договорот од Дејтон, со оглед на непочитувањето на дејтонската институција, која се вика Уставен суд./МИА