383
На прашањето дали може Државниот пазарен инспекторат, да ги контролира цените на производите кои изминатиов период бележат зголемување, директоро Стојко Пауновски објасни дека оваа институција не е надлежна за да ги контролира цените во трговијата на мало.
– Државниот пазарен инспекторат врши контрола, но само на цените кои се на државно ниво.За жал во трговијата на мало каде изминатиов период има покачување на стоки и производи немаме надлежност да ги контролираме бидејќи како држава сме пазарна економија и во овој сектор секој за формирањето на цените оди од побарувачката и потрошувачката како и од трошоците на набавки.Ние нема надлежност да ги контролираме цените, изјави Пауновски.