Расте бројот на хоспитализирани пациенти позитивни на ковид-19

од Берта Китинска

Во ковид-центрите низ државата има вкупно 722 пациенти позитивни или суспектни на ковид-19, а од нив 297 се во Скопје и 425 во другите градови. Денеска, според Министерството за здравство, има 386 празни болнички кревети.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 49 нови пациенти поради компликации од коронавирусот од кои 17 се примени на интерните клиники, 10 во

ГОБ 8 Септември, 10 на Инфективната клиника и 12 во Козле. Дома се пуштени 26 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 30, на Институтот за ТБЦ има 40 пациенти со симптоми на коронавирусот, во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 93 пациенти, во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 24 пациенти, а на ГАК има 6 хоспитализирани ковид-позитивни пациентки.

Во скопските ковид-центри утрово имало 53 слободни кревети.

Што се однесува до ковид-центрите во болниците низ државата, најмногу пациенти има во Прилеп-71, а потоа во Куманово 68. Во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти, во Штип 37, на инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, а во Велес 27 болни. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Гостивар 6, во Струга 18, во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 7, во Кичево 4, Кавадарци 45, во Гевгелија 8 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

 

Слични содржини