Расте бројот на издадени дозволи за градби на згради, Карпош во водство

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Во март годинава се издадени 373 одобренија за градење, што е за 10,4 проценти повеќе во однос на март лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во Скопскиот регион се издадени 93 одобрениеја за градење, односно по 17 во општините Гази Баба и Карпош, 12 во Чучер Сандево, по седум во Петровец и Сопиште, три во Аеродром… Во Пелагонискиот регион се изаддени 65 одбренија, по 51 во Источниот и во Југозападниот регион, по 40 во Југоисточниот и во Пелагонискиот, во Вардарскиот 23, а во Североисточниот 10.

ДЗС информира дека предвидената вредност на објектите што ќе се градат според издадените одобренија изнесува 4 585 341 000 денари, и е за 12.1 проценти помалку во однос на март лани.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 182 (48,8 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 69 (18,5 проценти) од нискоградба и 122 (32,7 проценти) за објекти за реконструкција.

Како инвеститори на 195 објекти (52,3 проценти) се јавуваат физички лица, а на 178 (47,7 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 501 стан, со вкупна корисна површина од 45 333 метри квадратни. Од вкупно предвидените 265 станови се во Скопскиот регион, од кои 178 во Општгина Гази Баба, 56 во Шуто Оризари, 28 во Карпош, 17 во Центар, 11 во Илинден, осум во Чучер Сандево, седум во Бутел и четири во Сопиште.

Слични содржини