623
Скопјани повторно доминираат во исплата на највисок доход од самостојното вршење на дејност, највисокиот изнесува 73,5 милиони денари. Во 10-те топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, извршители, угостители, електро-инсталатори и производители на амбалажи од хартија.
Скопјанец е прворангиран според остварен вкупно бруто доход од авторски права и други стварни права во износ од 15,4 милиони денари, додека по основ на права од индустриска сопственост граѓанин на Скопје остварил бруто доход во износ 9,2 милиони денари.
Најголем годишен доход, минатата година остварила скопјанка која заработила 453 милиони денари односно 7 милиони евра.
Најмладиот милионер во земјава има 8 години, најстариот 96