Расте бројот на невработени во САД

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на невработени Американци кои се пријавија за државни бенефиции минатата недела запиша најголем раст во последниве 2 месеци.

Бројот на поднесени барања за државни надоместоци за невработеност се зголеми за седум дена, завршувајќи на 17 јули, за 51.000 на неделно ниво, достигнувајќи вкупно 419.000 според сезонски прилагодените податоци, што е највисоко ниво од средината на мај, според денешните податоци на Министерството за труд, пренесе „Seebiz“.

Овие податоци покажуваат дека пазарот на трудот не излезе од проблеми бидејќи нацијата се соочува со повторен пораст на бројот на нови инфекции со ковид-19.

„Порастот на невработеноста оваа недела ни кажува дека проблемите со пазарот на трудот не се целосно зад нас и дека делта сојот на вирусот сè уште може да го саботира економското закрепнување од најкратката рецесија во американската историја“, рече Кристофер Рупки, главен економист во FWD Bonds во Њу Јорк.

Сепак, податоците од извештајот на Министерството за труд за барањата на невработените за надомест на штета исто така покажуваат дека се зголемува бројот на лица кои се враќаат на работа, што е тренд што укажува на тоа каков ќе биде извештајот за вработување во јули, додава британската агенција.

Слични содржини